Претседателството на МАНУ, на 512. седница, одржана на 13 април 2020 година, упати соопштение до јавноста за научен осврт и анализа на состојбите во врска со пандемијата од ковид-19, во согласност со општествената одговорност на МАНУ, а заради обезбедување соодветен научен придонес во институционалните напори за справување со оваа пандемија.
Претседателството на МАНУ ја информира јавноста дека МАНУ работи и ќе работи и во претстојниот период, на истражувања поврзани со пандемијата од ковид-19, со користење холистички пристап, интегрирајќи ги природните, техничките, општествените и хуманистичките науки, но и уметностите.
МАНУ, по предлог на Одделението за медицински науки и на Одделението за општествени науки, упати до Владата на Република Северна Македонија предлози со конкретни мерки за справување со последиците од кризата во јавното здравство и во економијата.
МАНУ работи на повеќе проекти, од кои, во ова кусо соопштение, издвојуваме четири: (1) биомедицински истражувања (со посебен осврт на секвенционирањето на целиот геном на селектирана група вируси, изолирани од различни пациенти заради утврдување на различните поттипови присутни во нашата популација); (2) економски истражувања (со посебен осврт на монетарните политики и на осигурувањето на стабилноста на македонскиот финансиски систем, и на фискалните политики во времето на глобалната пандемија и нејзините влијанија во Македонија); (3) истражување во врска со ширењето на вирусот ковид-19 и влијанието на нефармацевтските интервенции во Македонија; (4) истражување поврзано со геополитичките, општествените и економските последици од пандемијата од ковид-19.
Резултатите од истражувањата ќе се објавуваат тековно, дневно и неделно, како што ќе пристигаат, на веб-страницата на МАНУ, во дневниот печат и на други јавно достапни портали, во државата и надвор од неа.
Трудови:
„Епидемиолошки модели на ширење на вирусот ковид-19 во Македонија“
„Монетарната политика и осигурувањето на стабилноста на македонскиот финансиски систем“
„Помош за малите и средните претпријатија“
„Фискалните политики и фискалниот простор во време на глобалната пандемија со посебен осврт врз Република Северна Македонија“
„Превенција на проблематична употреба на интернет за време на пандемијата со КОВИД-19: Консензуални упатства“
„How to measure the impact of the COVID-19 pandemic on quality of life: COV19-QoL – the development, reliability and validity of a new scale“
„A multi-country test of brief reappraisal interventions on emotions during the COVID-19 pandemic“ објавен во Nature Human Behavior
„Problematic use of the internet during the COVID-19 pandemic: Good practices and mental health recommendations“ објавен во Comprehensive Psychiatry
„National identity predicts public health support during a global pandemic“ објавен во Nature Communications. Повеќе информации за процесот на подготовка на трудот се достапни на следната адреса
Зборник на трудови од истражувачките активности на МАНУ за справување со пандемијата од ковид-19
Анализа на правните аспекти на вонредната состојба:
Тим Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“, во соработка со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ (авторите се наведени во самиот документ) изработи Анализа на правните аспекти на вонредната состојба.
Испитување на SARS CoV 2 генетски варијанти во ИЦГИБ МАНУ.
Други активности:
Интервју на акад. Таки Фити за порталот Фактор „Во третиот пакет мерки мора да се обезбедат нови кредитни линии за малите и средните фирми“. Интервјуто може да се прочита тука.
Вебинарот „Безбедна и ефективна употреба на интернет во време на пандемијата со КОВИД-19“, со учество на д-р Билјана Ѓонеска (научна соработничка од МАНУ), можете да го погледнете тука.
Покането излагање на д-р Билјана Ѓонеска со наслов „Психолошки фактори кои влијаат на колебливоста за вацинација?“ одржано на глобалниот вебинар на Меѓу-академското партнерство за здравје (InderAcademy Partnership for Health), под покровителство на Кинеската и Германската академија на науки, може да се погледне тука (целата програма од настанот е достапна тука). Куси исечоци со главните препораки на сите предавачи се достапни на оваа адреса.
Поканета презентација на д-р Билјана Ѓонеска со наслов „Интернет зависности во време на КОВИД-19: Препораки за млади научни истражувачи“ одржана на Тренинг школа за млади истражувачи од областа на проблематичната употреба на интернет, во рамки на EU COST CA16207 Акција, може да се погледне тука.
Покането излагање на д-р Билјана Ѓонеска во рамки на вебинар од Програмата за млади лекари лидери (IAP Young Physician Leadership Program) со наслов „Вебинар на млади лекари лидери за колебливост кон КОВИД-19 вакцини“, може да се погледне тука.
Текстот со заклучоците на тема „Соочување со пандемијата COVID-19 во македонските затвори и установи за сместување на лица лишени од слобода“ од д-р Елена Мујоска – Трпевска и м-р Константин Битраков можете да го погледнете тука
Поканетото предавање на завршната конференција од Акцијата за проблематична употреба на интернет (Problematic Use of the Internet, EU COST PUI) носи наслов:
State of the art in the problematic usage of the internet. Адреса: https://player.vimeo.com/
Извештајот за Меѓуакадемското партнерство за здравје (InterAcademy Partnership for Health, IAP) носи наслов:
Countering COVID–19 Vaccine Hesitancy. Адреса: https://www.interacademies.
Публикацијата за списанието на Националната академија на науки на Америка (Proceedings of National Academy of Sciences, PNAS) во која бев одговорна за податоци од нашата земја (но и други фази од реализацијата), а носи наслов:
A global experiment on motivating social distancing during the COVID-19 pandemic. Адреса: https://www.pnas.org/doi/abs/