Од основањето на првата (Платоновата академија) некаде помеѓу 387 и 361 г. пред н.е. па сè до денес, се зацврстило и еве веќе трае со столетија – традицијата да се пристапува во Академијата, со своја инаугурална (пристапна) беседа во која, in bonam partem, инаугурацијата се изразувала како посветување во некоја достојна и достоинствена научна и уметничка дејност. Затоа самиот пристап во Академијата бил придружен со свечен чин. Најпосле грчкиот збор Ακαδήμεια го добила тоа име според шумичката од убави дрвја посветена на херојот Академ што се наоѓала близу до Атина. Тој предел го купил Платон и тука ја основал својата Академија. Во неа и од неа до денес бил обичај новопримениот академик во Академијата да ги изложи своите сопствени идеи или прв да ја отпочне дебатата со прашање до Сократ па така, со одговорот Сократов почнувала дебатата во Академијата која траела до касно вечерта. Откако сите се разодувале по своите домови останувале во шумичката само трагичарот-поетот, Агатон, и Платон, сумирајќи ја одржаната дебата. Денес е, исто така, традиција новопримениот член на Академијата да одржи своја инаугурална (пристапна беседа) и да беседува пред форумот што го сочинуваат сите академици.
Првиот поттик да ги ставиме на веб-локацијата на МАНУ сите пристапни беседи на членовите на МАНУ тргна од традицијата, но и од уверувањето дека во нив најчесто се содржани главните идеи, сфаќања и концепции на секој новопримен академик во и од областа во која новопримениот академик истражува и за што е предложен за член на Академијата.
Пристапната беседа е научно и уметничко огледало на секој нов академик, но и сведоштво за неговиот пат во светот на науката и уметноста.
Читањето на инаугуралните (пристапните) беседи предизвикува особен интерес зашто се запознаваме со нешто ново и непознато, слично на новата песна или новиот роман со кој за првпат се запознаваме.
Пристапни предавања – 1969 година
Пристапни предавања – 1970 година
Пристапни предавања – 1974 година
Пристапни предавања – 1978 година
Пристапни предавања – 1979 година
Пристапни предавања – 1982 година
Пристапни предавања – 1985 година
Пристапни предавања – 1986 година
Пристапни предавања – 1988 година
Пристапни предавања – 1990 година
Пристапни предавања – 1993 година
Пристапни предавања – 1997 година
Пристапни предавања – 2000 година
Пристапни предавања – 2002 година
Пристапни предавања – 2006 година
Пристапни предавања – 2008 година
Пристапни предавања – 2013 година