Во светот на науката и уметноста, личноста на научникот и на творецот, како и на институцијата во кои тие создаваат, имаат, несомнено, пресудна улога. Меѓутоа, ние ја избегнавме можноста самите академици да зборуваат и да ги вреднуваат своите дела, а самата институција својата дејност. Притоа, го имавме предвид познат Марксов став изразен во „Германска идеологија“, дека не треба да се суди ниту за една личност, ниту за едно општество, ниту, пак, за една институција, по тоа што тие самите го кажуваат за себе (не значи documentum privatum), туку по нивното дело (значи како argumentum publicum). Затоа се одлучивме нивното дело, како и дејноста на Академијата, да ја претставиме низ документи, имајќи го предвид спомнатиот став на Маркс, кој пак македонските партизани 1941-та, го преобразија во песна што, потем, ја пееше сиот наш народ, а во која се вели:

Не збориме за нас,
друг утре ќе каже,
за нашето дело
и нашата чест.

Приоритети на идниот развој на Република Македонија
Документарен филм по повод 50 години од основањето на Македонската академија за наука и уметност