Во ѕвездените мигови на македонската култура и уметност видно место зазема историскиот настан со откритието на Николај Окунев (1928) на старите фрески во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези и дебатата каде всушност почнала европската ренесанса: во Италија, со Џото во XIV век, или два века порано во Македонија, некаде околу 1164 година во Нерези, со овдешниот непознат ингениозен зограф, кој ги живописал фреските на ѕидовите на манастирот Св. Пантелејмон, особено „Оплакувањето“.

Фреските во катедралната црква Св. Софија Охридска и во Св. Климент (Богородица Перивлептос) во Охрид, како и во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново и црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане; македонските икони  од различните временски раздобја.

Димче Кочо – За Климентовиот манастир „Св. Пантелејмон“

Цветан Грозданов – Св. Наум Охридски

Цветан Грозданов – Проучување на живописот на Света Софија Охридска

Цветан Грозданов – Курбиново

Nicolas Okouneff – La découverte des anciennes fresques du monastère de Nérèz

Франц Месеснел – Најстарији слој фресака у Нерезима

Георги Страделов – Старите фрески во манастирот „Св. Пантелејмон“ во с. Нерези и дебатата каде почнала европската ренесанса

Сотир Голабовски – Животот и делото на Јован Кукузел

Душко Димитровски – Јован Кукузел