На 22 октомври 2018 година во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше делегација на Институтот за светска историја при Кинеската академија на општествените науки, предводена од проф. Ванг Сујуе, директор на Институтот.

На разговорите со претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, и со членови на МАНУ, делегацијата од Кина беше запознаена со работата и со структурата на МАНУ, како и за интересот на МАНУ за интензивирање на соработката со Кина, меѓу другото, и во рамките на Процесот 16+1, во кој се вклучени земјите од Централна и Југоисточна Европа.

Делегацијата од Кина ја претстави работата на својот Институт и изрази подготвеност за соработка со МАНУ и со институции од Република Македонија во областа на општествените науки.