Изданието „Алшар – светско природно наследство“ од авторите: Г. Јовановски, Б. Боев, Т. Стафилов, П. Макрески, В. Матевски и И.Боев, доби прва награда за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми од Здружението на издавачите и книжарите на Република Македонија на 31 Меѓународен саем на книгата.