Untitled logo

На 15 септември 2017 година, Министерството за образование и наука (МОН) во соработка со Европската комисија, организираше Инфо ден за EU COST Програмата (Cooperation in Science and Technology). Настанот се одвиваше во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, а како преставник од институцијата-домаќин, свој осврт даде и Др. Билјана Ѓонеска од МАНУ.

Оваа програма овозможува креирање на интердисциплинарни истражувачки мрежи во Европа и пошироко. Се обезбедуваат фондови за организирање конференции, средби, обуки, кратки размени како и други активности во широк спектар на научни дисциплини и теми. Програмата е отворена за луѓе со нови идеи на многу едноставен и пристапен начин.

Презентацијата на Др. Билјана Ѓонеска може да ја погледнете: ТУКА.

Агендата за настанот може да ја погледнете: ТУКА.

Официјално известување од Програмата EU COST за одржаниот инфо ден во соработка со МОН и МАНУ

Фотографии од настанот: