Од 22 до 23 април 2018 г. во Охрид, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и Природно-математичкиот факултет, Скопје, се одржува меѓународната Хумболт конференција: „На вратата на Европската Унија: Улогата на науката и истражувањето во одржливот  развој на балканскиот регион“.

Фондацијата Хумболт е престижна меѓународна институција, која меѓу другото има за цел вмрежување на научници и промоција на научна извонредност.

Од Република Макеоднија, од 1949 г. до денес 15-тина луѓе ја добиле оваа стипендија, меѓу кои и членови на МАНУ.

Конференцијата беше отворена во МАНУ на 19.4.2018 г. На конференцијата свое обраќање имаа: претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, министерката за образование и наука на Република Македонија, Рената Дексоска, амбасадорот на СР Германија во Република Македонија, Томас Герберих, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. Никола Јанкулоски и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. Блажо Боев.

Фотографии од отворањето на конференцијата: