Untitled logo

На 24 октомври 2017, во Центарот за стратегиски истржаувања при МАНУ (ЦСИ МАНУ), беше потпишан договор за соработка меѓу ЦСИ МАНУ и Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 (АМК 2000) од академик Владо Камбовски, раководител на ЦСИ МАНУ и г-дин Влатко Данилов, Претседател на АМК 2000.

Преку своја соработка двете страни ќе придонесат за воочување, утврдување и промислување на стратешките и актуелните проблеми во одржливиот развој на РМ; во промоција на менаџерската наука, соодветните дисциплини и менаџментот; во поттикнувае, вмрежување и координација на сите засегнати и во збогатување на културата и квалитетот на животот во РМ.

Како прва активност на Центарот и Асоцијацијата, се предлага организирање на Национална конференција под наслов: „Менаџментот – алка што недостасува во одржливиот развој на Република Македонија“ на крајот од месец ноември 2017 година (20-30.11.2017).

Фотографии од настанот: