На 19 декември 2016 година во организација на Македонската академија на наукитеи уметностите се одржа промоција на книгата Македонски јазик: идентитет континуитет – доискажување од Трајко Стаматовски. Пригодна реч одржа академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Промотор на книгата беше проф. д-р Димитар Пандев. Свое обраќање имаше авторот Трајко Стаматовски и г-динот Трифун Костовски.

Ова е најновата книга на истакнатиот македонски лингвист, научен истражувач и долгогодишен директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, чие богато научно творештво брои над 10 книги и 400 стручни и научни прилози на теми за македонскиот јазик и одбранта на неговата самобитност и развој, македонската лингвистика, ономастика, а учествувал и во изработката на неколку речници на македонски јазик со странски јазици.

Фотографии од настанот: