С О О П Ш Т Е Н И Е

Претседателството на МАНУ, на седницата одржана на 19 декември 2019 година, се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик и, притоа, констатира дека:

– прво, постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН;

–  второ, ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на Република Северна Македонија за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина, да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата.

ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА МАНУ