Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на академик Петар Хр. Илиевски кој со своето научно дело остави траен белег во нашата и светската наука. Во неможност, поради здравствените околности, по тој повод да биде реализиран Свечен собир во МАНУ, на Одделението за лингвистика и литературна наука е донесена одлука на овој начин да биде одбележан овој значаен датум за македонската наука и култура.
Текстот е објавен во списанието Жива антика (55/1-2(2005)5-22) по повод одбележувањето 85 години од раѓањето на академик Илиевски и претставува опсежен преглед на неговото дело, а тука се објавува со мали измени.