РАЃАЊЕТО, СОЗДАВАЊЕТО И РАЗВИТОКОТ НА МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
ВО/НИЗ ДОКУМЕНТИ

ЅВЕЗДЕНИ МИГОВИ НА МАКЕДОНСКАТА НАУКА И УМЕТНОСТ

Годинава изминуваат пет децении од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (1967-2017). Јубилеите се обично некој вид рекапитулација на една институција за нејзиниот изминат пат. Имајќи го предвид токму тој факт и, притоа, свесен дека за дејноста на институциите како МАНУ обично малку се знае во пошироката јавност, на Одборот за одбележување на нејзиниот 50-годишен јубилеј, на првата седница одржана кон крајот на 2016 г. се одлучи МАНУ да издаде за јубилејот повеќе томови документи за и од нејзините научни истражувања и дејности посветени на повеќе различни области од животот на македонското општество.

Кога се конципираше оваа книга, моите сеќавања најпрвин ме навратија да почнеме со 23 февруари 1967 година, годината кога Собранието на Социјалистичка Република Македонија го донесе Законот за основање на МАНУ, дотолку повеќе што сите кои учествуваа во тој чин тогаш (и од светот на науката и од светот на политиката) беа уверени дека во аналите на времето во кои се одбележуваат значајните датуми од историјата на македонската култура, 1967 година ќе се памети по тоа што во неа е создадена врвната македонска институција, како spiritus loci на науките и уметностите од нашата земја. Јас мислев дека во историјата на МАНУ треба да се вклучат сите оние маркантни настани и личности од историјата на македонската култура што се вградени во темелите на МАНУ, па така и постапивме. Историјата на Македонската академија на науките и уметностите ја поделивме во два големи блока: I. Предвесници; II. Големиот нов почеток.

Редактор: академик Георги Старделов
Реализација: м-р Николче Мицкоски

Пролог

Словенска цивилизација

Предвесници

Големиот нов почеток

Научни и свечени собири

Стратегии

МАНУ, Спорот за името

Ѕвездени мигови од Полувековието на МАНУ

Светлини и сенки

Пристапни предавања

Продолжува