profile_unknown_large
  • Email

    debarmaalo@aol.com

Датум на раѓање:
27 април 1952
Место на раѓање:
Битола
Членство во МАНУ:
Надвор од работен состав, 2003
Институции:
Област на работа:

Биографија

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола.
Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Дипломирал во 1974 година со награда за најдобар студент во генерацијата.
Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград (1972-1973).
Во периодот 1975-1977 е на постдипломски студии на Универзитетот во Белград – на Филолошки факултет, книжевни студии.
Во 1979 година ja одбранил магистерска теза со наслов „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.
Од 1974-1978 е драматург во драмската редакција на ТВ Скопје (драматуршка работа на ТВ сценарија, уредување и адаптација на бројни драми, работа во продукција и пост-продукција).
Од 1978-1986 е асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (работа на полето на англиските студии со посебен акцент на Шекспир и англиската драма).
Од 1986-1998 е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје (работа на полето на креативното пишување и студии на драмските теории и модели).
Во 1990 година, во летниот семестар работи на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, САД со Фулбрајтова стипендија за истакнат уметник; во 1998-2000 е визитинг професор по драматургија на Драмскиот институт во Стокхолм, Шведска, а од 2000 година е хонорарен професор по драматургија на Универзитетот во Кент и на Крајст Черч колеџот во Кентербери, Велика Британија.
Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“ (1979 година), за првпат е изведена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во режија на Слободан Унковски, кон крајот од декември 1979 година.
По „Диво месо“ следеа – „Лет во место“ (театарска фреска), 1981, „Хи-Фи“ (театарска мутација), 1982, „Дупло дно“ (театарска пасија во три става со кода), 1983, „Бушава азбука“ (ТВ-серија во 31 епизода), 1985, „Тетовирани души“ (театарска пиеса), 1985, „Црна душка“ (театарска пиеса), 1988, „Лонг плеј“ (рокенрол мистерија), 1988, „Кула вавилонска“ (театарска пиеса), 1990, „Сараево“ (приказни од еден град) 1993, „Старецот со камен околу вратот“, 1994, „Сега му е мајката“ (фарса), 1995, „Баханалии“, 1996, „Казабалка“, 1998, „Сите сме луге“, 1998, „Приказни од еден град“, 1999, „Хотел Европа“ (сценарио за мултимедијален проект), 2000, итн.
Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), преку сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Мостар, Бања Лука, Суботица, Пирот, Титоград, Тузла, Цеље, Лесковац, Вараждин, Риека, Заечар, Зрењанин, Приштина, Осиек, Сомбор, Крагуевац, Вршац, итн.), се до големите театарски центри во светот: Париз, Белград, Будимпешта, Лондон, Пазарџик, Софија, Варна, Загреб, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.