profile_unknown_large
  • Email

    efremov@icgeb.org

Датум на раѓање:
26 декември 1960
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Надвор од работен состав, 2015
Институции:
Одделението за молекуларна хематологија, ИЦГЕБ, Трст, Италија.
Област на работа:

Биографија

Димитар Ефремов е роден на 26 декмври1960, во Скопје. Во 1986 година дипломирал на Медицинскиот факултетот на Универзитет Св. Кирил и Методиј, каде ја обавил и специ­ја­ли­зацијата по интерна медицина. Струч­ни усовршувања и студиски престои обавил на Медицинскиот фа­култет на Џорџија во Августа, САД, и во Ме­ѓународниот центар за генетски инже­неринг и биотехнологија во Трст, Италија, a во 1994 година се стекнал со звањето доктор на медицински науки на Медицинскиот факултет на Универ­зитетот во Мастрихт, Холандија. Тој е светски познат научник од об­лас­тите на интерната медицина, хема­то­логијата и молекуларната медицина, а во моментот тој е Раководител на Одделот за молекуларна хематологија на Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија во Рим, Италија.

Во својата професионална кариера работел во Меѓународниот центар за генетски инженеринг и ботехнологија во Рим и Трст,на Кли­никата за хематологија при Медицинскиот факултет во Скопје, на Ме­дицинскиот факултет на Џорџија во САД, Истражувачкиот центар за нови технологии во МАНУ. Член е на Комитетот на Европската хематолошка асоцијација за развој на хематолошки истражувања, на Советодавниот одбор за хематологија на AstraZeneca, на Експертскиот комитет на УНЕСКО за меѓународна соработка во Југоисточна Европа, на Комисијата за регистрација на лекови во Македонија, на Комисијата на МАНУ за подготовка на Национална стратегија за развој на здравствениот сектор во Македонија. Воедно, тој е член и на уредувачките одобори на 5 меѓу­народни научни списанија и 5 професионални здруженија од Европа и Америка.

Во рамките на својата научноистражувачка  кариера остварува научна дејност на: национална хабилитација за вонреден професор по хематологија во Италија, вонреден професор по молекуларна биологија на Универзитетот во Нова Горица, Словенија, Професор е и ментор на  док­тор­ски студии на ИЦГЕБ, Трст, Италија, насловен доцент по интерна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје, предавач и ментор на интередисциплинарните постдипломски студии за молекуларна биологија и генетски инженеринг на УКИМ, Скопје, асистент по интерна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје. Раководел со 8 истражувачки про­екти и остварил 13 најзначајни научни и професионални достигнувања, како и голем придонес во развојот на научната и здравствената дејност во Македонија преку воведување на повеќе нови методологии, дијагностики, формирање на порвата лабораторија за молекуларна дијагностика и из­ве­дување на првите трансплантации на коскена срцевина.

Неговите бројни научни достигнувања се отпечатени во најпоз­натите светски списанија од подрачјето на хематологијата и молекулар­ната медицина. Објавил повеќе од 100 трудови во научни списанија и презентирал над 200 апстракти на конгреси, со вкупен импакт фактор од над 680. Со над 3000 цитати и х-индекс 29 се вбројува во редот на најцитираните научници со потекло од Република Македонија. На овој начин тој ја афирмирал и медицината од Република Македонија, од каде што потекнува. Со бројни учества во стручни здруженија и предавања во нив тој континуирано ја афирмира македонската наука.

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.