profile_unknown_large
Датум на раѓање:
11 март 1953
Место на раѓање:
Арендсе
Членство во МАНУ:
Надвор од работен состав, 2012
Институции:
Универзитетот Хумболт во Берлин
Област на работа:

Биографија

Јирген Куртц (Jürgen Kurths) е роден на 11 март 1953 година во местото Arendsee, Германија.
Проф. Куртц дипломирал математика на Универзитетот Rostock во 1975 година, докторирал теоретска физика на Академијата на науки (Источна Германија) во 1983, а неговата хабилитација по теоретска физика ja одбранил на Универзитетот Rostock во 1991 година. Во посебна програма нa Max-Planck, во 1991 година бил избран за директор на нова работна група, која 7 години била поддржана од Институтот Max-Planck.
Во 1994 година е назначен за редовен професор на катедрата за теоретска физика и нелинеарна динамика на Универзитетот Potsdam.
Во 2008 година станал раководител на Истражувачкиот домен за трансдисциплинарни концепти и методи на Potsdam Институтот за истражување на влијанието на климата и станал редовен професор за нелинеарна наука на Универзитетот Humboldt od Берлин, а раководи и со 6th Century – катедрата на Кралскиот колеџ на Универзитетот Aberdeen во Обединетото Кралство.
Научниот опус на проф. Јирген Куртц е широк и опфаќа повеќе научни дисциплини, од природните науки (физика, хемија, биологија, климатологија) до техничките и медицинските науки. Има објавено повеќе од 400 трудови во врвни интернационални научни списанија.
За неговата истакната научна работа проф. Куртц примил повеќе награди и почести, вклучувајќи ja наградата за истражување од Фондацијата Alexander von Humboldt и од CSER (Индија). Избран е за почесен член на Американското здружение за физика, а доделен му е и почесен докторат од Лобачевски универзитетот во Нижи Новогород. Бил член на повеќе научни комитети, претседател на Дивизијата за нелинеарни процеси и геофизика при Европската унија за геонауки во период 2000-2005. Координира големи интерна­ционални и национални проекти со грантови од ЕУ, ДФГ или БМБФ итн.
Проф. д-р Ј. Куртц открил и идентификувал неколку нови феномени и иницирал нови правци на истражување кои имаат поттикнато примени во разни полиња од физика и хемија преку невронаука и кардиологија па се до од неодамна и во геонауки.
Проф. Јирген Куртц веќе подолго време соработува со МАНУ. Досега беше вклучен во два проекта финансирани од НАТО и ЕУ со коишто во МАНУ раководеше академик Јордан Поп-Јорданов. Toj сега е вклучен во работата на проектот СУМО (подобрено моделирање со учење на несовршени математички модели и примена во климатологија) од рамковната програма 7, координиран од акад. Љупчо Коцарев. Toj е чест гостин во МАНУ, а неговиот центар често го посетуваат истражувачи од Македонија.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.