Датум на раѓање:
15 јануари 1949
Место на раѓање:
Срнетици, општина Дрвар
Членство во МАНУ:
Надвор од работен состав, 2015
Институции:
Област на работа:

Биографија

Васа Антуновиќ е роден на 15 јануари 1949 година во Срнетици, општина Дрвар, БиХ. На Медицинскиот факултет во Бел­град дипломирал во 1973 година. По за­вр­шените студии, Васа Ан­туновиќ завр­шува постдипломски студии на Медицин­скиот факултат во Белград и во 1978 година го брани магистерскиот труд под наслов Кли­ничка слика и дијагностика на тумо­рите на бочните и третата мозочна комора. Докторирал во 1987 година на Ме­дицинскиот факултет во Белград, со ди­сертација на тема Микрохируршко лекува­ње на тумо­рите на понто-церебеларниот агол со посебен осврт на зачувување функ­цијата на зафатените кранијални нерви.

Во Институтот за неврохирургија се вработува во 1974 година и работи сè до своето пен­зионирање во 2014 година. Својата наставна активност, како редовен професор по предметот неуронаука ја продолжува на Државниот универзитет во Нови Пазар. Од изборот за асистент-приправник на Медицинскиот факултет во Белград во 1979 година ги поминал сите редовни избори во повисоки звања, а во 1997 година е избран во звањето редовен професор по предметот неврохирургија.

Специјалистичкиот испит по неврохирургија, го завршува во 1980 година. По отворањето на Угентниот центар на КЦ во Србија е назначен за началник на Оделението за неврохирургија, а потоа и за помошник директор на Институтот за неврохирургија. Од 1992 година до 1995 ја извршува функцијата директор на Институтот за неврохирургија на КЦС, а од 1993 до 1998 година е медицинаски директор и заменик генерален директор на Клиничкиот центар Србија. Бил и началник на одделение во Институтот за неврохирургија на КЦС и советник директор на Институтот за неврохирургија на КЦС.

Во рамките на своите професионални активности д-р Антуновиќ бил член на Интернационалниот издавачки совет на списанието Chirurgia Neurologica, на редакцискиот одбор на списанијата Acta traumatologica Serbica, Acta Chrurgica Iugoslavica и Chirurgia Urgens, на International Ad­visory Board European Journal of Emergency Surgery како и на Acta Chi­rurgica Mecadonica. Д-р Васа Антуновиќ бил претседател на Здружението на неврохирурзи на Југославија, делегат во Извршниот комитет на Европската асоцијација на неврохируршките друштва (EANS), а од 1992 до 2002 година член на Извршниот комитет на Светската федерација на неврохируршки друштва (WFNS). Како претседател на Организациските одбори/комитети организирал неколку конгреси и интернационални кон­ференции. Во периодот од 2007 до 2011 година д-р Антуновиќ ја из­вршувал функцијата претседател на Секцијата за неврохирургија на Српското лекарско друштво. Тој е член на и на Извршниот комитет на Sout­heastern European Neurosurgical Society. Д-р Васа Антуновиќ е член на Српското лекарско друштво, на Здружението на неврохирурзи на Југо­славија, на Научното друштво на Србија, на Американската асоцијација на невролошки хирурзи (AANS), на Американскиот конгрес на невролошки хирурзи (CNS) и на European Society of Neurooncology.

Во рамките на својата професионална и научна работа д-р Васа Антуновиќ повеќепати претстојувал во позанти светски универзитетски неврохируршки клиники: UC San Francisco, UC Los Angeles, Mt Sinai Hospital, New York University Hospital, University HNO Нospital Zurrich, National Hospital, London, L`Hopital Neurochirurgical Lyon. Тој исто така завршил и курсеви за микрохирургија во Клиничкиот центар во Љубљана и во Неврохируршката клиника во Хановер. Д-р Антуновиќ бил косултат за неврохирургија во Клиничките центри во Крагуевац, Подгорица и Бања Лука, Ниш и Скопје, а воедно има звање на визитинг професор на Универзитетот во Крагуевац, на Универзитетот во Verona Италија и на University of Southern California, Los Angeles, звање  редовен професор на  Медицинскиот факулктет во Бања Лука и одговорен наставник за предметот неврохирургија на Медицинскиот факултет во Подгорица.

За својата богата професионална и научна работа проф. д-р Ан­туновиќ е добитник многубројни награди и признанија: Плакета на Неврохируршката клиника за придонес во хируршкото лекување на туморите во понто-церебеларниот агол во 1988 година и Плакета за животен допринос по повод 90 години неврохирургија во Србија и 75 години од основањето на Неврохируршката клиника на КЦ Србија. Како коавтор е добитник на наградата “Collumela award” за најдобар труд на Интерна¬ционалната конференција за невро-трауматологија во 1996 година во Италија. Исто така е добитник на златна плакета на Заводот за издавање на учебници на Србија 1997 година. Добитник е и на награда на Фондација Браќа Кариќ од областа  наука за 2002 година. Во 2014 година го добива признанието Витез на медицината во Србија.

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.