profile_unknown_large
Датум на раѓање:
14 октомври 1944
Место на раѓање:
Тарногура
Членство во МАНУ:
Надвор од работен состав, 2015
Институции:
Универзитетот во Вроцлав
Област на работа:

Биографија

Јан Соколовски (Jan Soko­łowski) е роден на 14 октомври 1944 година, во Тарно­гура, Полска. Од 1965 до 1970 година студирал русистика на Вроцлавскиот универзитет, каде се здо­бил со звањето магистер на дисер­та­ција од областа на полската и рус­ката фра­зеологија и идиоматика. Во 1977 година ја одбра­нил докторската дисертација на тема Негатива во современиот руски ја­зик, а во 2001 го­дина врз основа на ха­би­ли­а­ционата расправа се здобил со зва­ње­то доцент, а од 2005 година е професор.
Јан Соколовски се занимава со словенската лингвистика, особено со компаративните студии за системите за зборообразување на словен­ските јазици во синхронизација, зборобразувањето во рускиот и македон­скиот јазик,  граматича конфронтација на полскиот и македонскиот јазик, историја на славистиката и лингвистичките прашања на македонската дијаспора во Полска.
Во својата професионално работење тој ги извршува функциите раководител на Одделот за руски јазик и Раководител на лабораторијата по македонистика и е член на Комитетот за славистика на ПАН, Коми­сијата за европски култури при Вроцлавското одделение на ПАН, Вроц­лавското научно здружение – комисија за преведување на јазици и Полското друштво за лингвистика. Учестувал во меѓународниот истра­жувачки проект „Полски-македонски. Граматичка конфронтација“.  Тој членува и учествувал во уредувачките одбори на  9 списанија и е рецен­зент во 3 научни списанија.
За својата работа е добитник на наградите: Награда на Министер­ството за образование и наука III степен за достигнувања во областа на истражувањето (1983), Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Mетодиј“ во Скопје (2007 и 2009), Медал „Блаже Конески“ доделен од страна на Македонската академија на науките и  уметностите (2010), Медал „200 години од Државниот универзитет во Вроцлав“ (2011).
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметнос­тите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литера­турна наука.