Видет Бушамауи, добитничка на Нобеловата награда за мир за 2015 година, на 6 март 2018 година ја посети Македонската академија на науките и уметностите. На средбата, претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, изразувајќи задоволство за посетата и висока почит кон делото на госпоѓа Бушамауи, ја запозна високата гостинка со организациската структура на МАНУ и со суштинските карактеристики на нејзината основна дејност – научното и уметничкото творештво. Нобеловката Видет Бушамауи ги информираше присутните за развојот на ситуацијата во нејзината земја (Тунис) по револуцијата во 2011 година и за постигнатите резултати во демократската транзиција на земјата. Таа, исто така, зборуваше и за нејзината континуирана активност и борба за демократија, почитување на фундаменталните човекови права, мир, разбирање и толеранција меѓу луѓето во светот и посебно во земјите на Северна Африка. На крајот на посетата, госпоѓа Бушамауи разгледа дел од уметничките творби изложени во просториите на МАНУ.

Фотографии од настанот:

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en

Facebook