Во рамките на редовната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките, во посета на МАНУ, денес, престојуваше делегација на  БАН, предводена од претседателот, акад. Јулијан Ревалски.

На средбата е потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и академии во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.

Искуствата од досегашната соработка меѓу двете академии, која претходеше и даде свој придонес во постигнувањето на Договорот за пријателство и соработка, ја засноваат увереноста дека само со таквиот пристап, својствен за науката, културата и уметноста се отвораат нови перспективи за Балканот како подрачје на мир, стабилност и развој.

За таа цел, подготвени да им помогнат на своите влади во реализацијата на Договорот, двете академии ќе формираат меѓуакадемиска група, предводена од нивните претседатели, која треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот.

На средбата се допрецизирани заедничките научно-истражувачки и уметнички проекти врз кои ќе се работи во следните 3 години, договорени се апликации за научно-истражувачки проекти финансирани од европските структурни фондови и проекти што ќе се реализираат во рамките на трилатералната соработка МАНУ-БАН-САНУ.

Фотографии од настанот:

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en

Facebook