Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека од 28 март до 27 април 2018 година ќе ги стави на јавен увид билтените на МАНУ, во кои се објавени предлозите од одделенијата на МАНУ за избор на дописни членови на МАНУ (поднесени од сенатите на универзитетите, наставно-научните совети на факултетите, советите на научните установи и од одделенијата на МАНУ), предлозите од одделенијата на МАНУ за избор на членови на МАНУ надвор од работниот состав и предлогот од Одделението за уметност за избор на почесен член, за кои на тајно гласање позитивно се изјасниле мнозинството од вкупниот број членови на соодветните одделенија, заедно со резултатите од гласањата во одделенијата, биографиите на кандидатите и списоци на нивните научни трудови и уметнички творби, како и рефератите приложени кон предлозите за избор.

Билтените на МАНУ, како и научните и уметничките творби на кандидатите ќе бидат ставени на јавен увид на јавноста секој работен ден од 8 до 14 часот во читалната на Архивот на МАНУ во зградата на МАНУ, бул. „Крсте Мисирков“ бр. 2, Скопје.

Во согласност со член 55 од Статутот на Македонската академија на науките и уметностите, до 27 април 2018 година образложен приговор на предлозите за избор на дописни членови, на членови надвор од работниот состав, и на почесен член на МАНУ, може да стави секој член на МАНУ, сенат на универзитет, наставно-научен совет на факултет, наставно-научен уметнички совет на уметничка академија и совет на научна установа.

ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА МАНУ

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en

Facebook