ИНФОРМАЦИЈА ОД МАНУ

Не осврнувајќи се на неоснованите дисквалификации на претседателот на МАНУ и на самата институција, заради објективно информирање на јавноста, службата за информирање на Македонската академија на науките и уметностите го дава следново објаснување по повод соопштението објавено од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Бројчаникот кој го мери јавниот долг на Република Македонија изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на бруто-домашниот производ на земјата, е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот.

Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ.

Академијата и секој нејзин член, и понатаму остануваат отворени за информирање на јавноста за нивната работа.

                                                                                                                                                                    Секретаријатот на МАНУ

Facebook

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en