Untitled logo

На 18 мај 2017 година Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Македонската академија на науките и уметностите организираше предавање на тема: „КОН ПОСИЛЕН СИГНАЛ ВО НАУЧНАТА КОМУНИКАЦИЈА“ од проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада.

Д-р Никола Стиков e професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал. Дипломските студии, магистериумот и докторатот ги има завршено на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Станфорд. Од 2010 до 2014, како постдокторанд на Невролошкиот институт во Монтреал, ја истражува микроструктурата на белата материја во мозокот и развива нови технологии за неинвазивно мерење на дебелината на миелинскиот обрач. Во 2014 е избран за Junior Fellow на Меѓународното здружение за магнетна резонанса во медицината (ISMRM), а во 2015 се придружува на уредничкиот одбор на списанието Магнетна Резонанса во Медицината и ја промовира иницијативата Highlights. Како етаблиран промотор на науката, во 2016 станува гостин уредник на престижното научно списание Neuroimage и го основа официјалниот блог на Организацијата за мапирање на човечкиот мозок (OHBM), чијшто написи се пренесени на Хафингтон Пост и цитирани во Њујорк Тајмс.

Фотографии од настанот:

 

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en

Facebook