Untitled logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Македонската академија на науките и уметностите на 20.12.2017 година, по повод 90 години од раѓањето на акад. Никола Кљусев, редовен член на МАНУ и претседател на првата Влада на независна Република Македонија,  организира Тркалезна маса на тема:

РАСТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА:
СОСТОЈБИ, ПРОБЛЕМИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Почитувајќи ги Вашата компетентност и истражувања, ќе ни претставува задоволство доколку земете учество на оваа расправа. Во функција на Ваша подготовка за учество на дебатата, во прилог Ви ги доставуваме одделните сегменти околу кои би се водела расправата:

  • Економската динамика, моделот, фрагилноста, секторската структура и траекторијата на развојот
  • Како до динамичен и одржлив раст: растот и стабилноста?
  • Извори и ограничувања на растот: емпириска верификација и компаративната динамика
  • Финансиите и растот фискална и монетарна политика, алокација, временски (intertemporal) преференции, ефикасност и ризици
  • Институциите и растот
  • Пазарот на труд (нерамнотежи, плати, продуктивност, социјални импликации)
  • Образованието, технологиите и знаењето: предизвиците на технолошките пробиви и „новата економија“
  • Улогата на економските политики и растот (теориски и емпириски контроверзии)
  • Растот и дистрибуцијата – социјалните последици
  • Сектори со потенцијал за на раст
  • Интегрираноста на македонската економија во глобалната економијаекономскиот раст, меѓународното опкружување и конвергенцијата
  • Среднорочните и долгорочните перспективи на македонската економија – општеството и транзициите

Во оваа пригода Ве известуваме дека во МАНУ оваа година се публикувани неколку трудови кои ги третираат претходно нотираните проблеми и прашања, во македонската економија:

  1. Гоце Петрески, Дарко Лазаров и Оливера Костовска: Патеките на транзицијата, емпириска анализа на македонската и бугарската економија: растот, инвестициите и економската соработка, изд. МАНУ, Скопје, 2017 – (колегите што не го добиле изданието, можат да го добијат во МАНУ)
  2. Приоритети на идниот развој на Република Македонија (Т. Фити – уредник), изд. МАНУ, Скопје, 2017- изданието е достапно во електронска форма на WEB – страницата на МАНУ (manu.edu.mk)
  3. Таки Фити, Горан Петревски, Владимир Филиповски,Борче Треновски, Билјана Ташевска, Предраг Трпески, Виолета Цветкоска, Марица Антовска: Макроекономските ефекти на фискалната политика во Република македонија, изд. МАНУ, ЦСИ при МАНУ, Скопје 2017, изданието е достапно во електронска форма на WEB – страницата на МАНУ (manu.edu.mk)

За точниот термин на отпочнување на дебатата ќе добиете официјална покана во електронска и писмена форма.

Најљубезно Ве молиме доколку ја прифаќате поканата да ни го потврдите Вашето присуство најдоцна до 12.12.2017 година на меил: mantovska@manu.edu.mk

Исто така Ве известуваме дека Вашите излагања на дебатата МАНУ ќе ги објави во посебен Зборник.

 

акад. Таки Фити
акад. Гоце Петрески

Скопје, 04.12.2017

Contact

Macedonian Academy of Sciences and Arts
Bul. Krste Misirkov, 2, P.O. Box 428
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Phone: ++389 (0)2 32 35 400
Fax:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk/en

Facebook