Untitled logo

На 22 декември 2017 година во Македонската академија на науките и уметностите беше одбележана 80-годишнината од раѓањето на акад. Бојан Шоптрајанов.

На одбележувањето на неговиот 80-ти роденден, поздравно обраќање одржа акад. Дончо Димовски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки. Поздравна беседа за акад. Бојан Шоптрајанов одржа и претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. Акад. Глигор Јовановски одржа пригодно обраќање за животниот пат на акад. Бојан Шоптрајанов како и промоција на специјалниот број на Прилози, 38 (1) 2017 на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, додека пак проф. д-р Владимир Петрушевски ги промовираше неговите Собраните трудови: Научни трудови печатени во меѓународни списанија (I и II том), Трудови печатени во списанија во Македонија (III том), и Трудови печатени во зборници на трудови и учебни помагала (IV том).

На крајот на свечениот собир беше прикажан филмот по повод јубилејниот роденден на акад. Бојан Шоптрајанов „Трагач по совршенство“.

Фотографии од настанот: