Untitled logo

Во рамки на месечните лингвистички средби COLLOQUIA LINGUISTICA кои се одржуваат во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при Македонската академија на науките и уметностите, на 30 март со почеток во 12 часот, проф. д-р Кристина Крамер, од Универзитетот во Торонто, Канада, одржа предавање на тема: REIMAGING THE LINGUISTIC LANDSCAPE OF SKOPJE (ПРЕРАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЛИНГВИСТИЧКИОТ ПЕЈЗАЖ НА СКОПЈЕ).

Д-р Кристина Крамер (Christina Kramer) е американски лингвист, славист и балканист. Во центарот на нејзиниот научен интерес е граматичкиот, пред се вербалниот систем на македонскиот стандарден јазик, но во нејзиниот опус има и низа драгоцени студии посветени на македонските дијалекти, на историјата на стандардизацијата, а исто така и на социолингвистичките состојби во Република Македонија и пошироко на Балканот.
Д-р Крамер долги години е активна на полето на воспоставување врски меѓу американската и македонската славистика и македонистика.

Фотографии од настанот: