Untitled logo

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-динот Зоран Заев, во придружба на повеќе министри од Владата, на 7 јули престојуваше во работна посета на Македонската академија на науките и уметностите.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Таки Фити ги информира премиерот и министрите за работата на Академијата, која годинава ја одбележува 50-годишнината од основањето, искажувајќи целосна подготвеност за соработка со Владата по сите клучни прашања во областите на науките и уметностите, како и со давање експертска поддршка на патот кон евроатлантските интегративни процеси и развојот на државата.

Претседателот Фити посебно исткана дека во соработката МАНУ секогаш инсистирала на почитување на нејзината самостојност, загарантирана со Законот за МАНУ.

Премиерот Заев, во своето обраќање до академиците, потенцира дека Владата е отворена за соработка, и дека почитувајќи ја самостојноста на Академијата како највисока научна и уметничка институција во земјата, очекува МАНУ со сите свои капацитети, со критички однос, да се вклучи во сите процеси на изнаоѓање најдобри решенија за подобри перспективи за државата, особено во областите на образованието, науката, економијата, животната средина, но и во сите други значајни аспекти за идниот развој на Република Македонија.

Фотографии од настанот: