Почитуван/а,

Во рамките на расправите за надминување на политичката криза како приоритетно прашање се издвојува натамошното јакнење на независноста на судството. На него се однесува и голем дел од Извештајот на експертската група на ЕУ предводена од Reinhard Priebe, кој беше прифатен од страна на Владата и Собранието на Република Македонија.

Исто така, со политичките договори е прифатена определбата за натамошно унапредување на законските решенија и добрите практики во рамките на поглавјата 23 и 24 од преговорите со Европската унија. Оттука, се наметнува потребата од организирање научна и стручна расправа за отворените прашања за независноста на судството и неговото функционирање од легислативен аспект и од аспект на развивање на добрите практики усогласени со европските стандарди како и за правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен суд.

Научната расправа ќе се одржи на 3 ноември 2015 година, во Македонската академија на науките и уметностите, со почеток од 10 часот.

Се сугерира претходна подготовка на следните теми:

  1. Улогата на Врховниот суд и повисоките судови
  2. Уставната и законската рамкана начелото за судска независност
  3. Улогата на Судскиот совет во јакнењето и гаранцијата на независноста на

    судството

  4. Легислативни решенија кои се однесуваат на судството и нивните ефекти врз

    јакнењето или слабеењето на независното судство

  5. Реформите во процесни закони и нивниот одраз во независноста на судството
  6. Добрите практики усогласени со европските стандарди за независно судство и за

    правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен суд

По тој повод, Ве поканувам да присуствувате на настанот и да се обратите на научната и стручна расправа. Сметаме дека со Вашето присуство ќе дадете голем придонес за одржување на квалитетна дебата и дискусија.

Скопје, 30 септември 2015 г.

Во очекување на Вашиот одговор,

Со почит,

Акад. Владо Камбовски Претседател

Во прилог и официјалното соопштение: МК / EN