Date of birth:
27 јули 1914
Place of birth:
Неготино
Membership in MASA:
Редовен член, 1986
Institutions:
Field of expertise:

Biography

Христов, Александар Т. (Неготино, 24. VII 1914 – Скопје, 2. VIII 2000) – универзитетски професор, академик. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939) и на истиот докторирал на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“ (1954). Еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Избран за дописен (1979), а потоа и за редовен член на МАНУ. Бил помошник на јавниот обвинител на Македонија и помошник на јавниот обвинител на Југославија, пратеник во Собранието на СФРЈ, директор на Институтот за национална историја во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и декан на Правниот факултет во Скопје (1969/70-1970/ 71). Објавил неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја, при што севкупната негова библиографија изнесува 317 единици. Починал на 2 август 2000 година.