Date of birth:
3 јуни 1931
Place of birth:
с. Лазарополе
Membership in MASA:
Редовен член, 2000
Institutions:
Field of expertise:

Biography

ПОПОВСКИ, Анте (Лазарополе, 3. VI. 1931 – Скопје, 1. X 2003) – поет, есеист, препејувач, публицист, академик. Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се вработува како асистент. Извесно време работи како лекар во Дебар, но од 1955 г., кога од печат му излегува првата стихозбирка Одблесоци, ја напушта медицината и исцело се оддава на поезијата. Член е на ДПМ (1956) и член на Извршниот совет на Македонија; директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар-филм“ во Скопје; потпретседател на Републичката комисија за кул- турни врски со странство; претседател на ДПМ (во два мандата) и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). За редовен член на МАНУ е избран на 10. V 2000 г. и член на Светската академија на поезијата (2002). Препеал од разни јазици видни поети од Балканот и од Европа, меѓу нив и библиската „Песна над песните“. Застапен е во сите антологии на македонската поезија, како и во Антологијата на светската поезија. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици во светот. А. П. е еден од најзначајните македонски поетски творци. Поет на епот и епопеите, на болните македонски и старословенски тажачки и елегии, поет на македонските тајнописи и родописи. на митскиот поетски говор вкоренет во источна- та, византиска и христијанска македонска поетска традиција. Македонија и нејзината трагична историска судбина е во средиштето на неговата поезија. Неа тој ја воздигна во мит. Добитник е на високи национални и меѓународни награди и признанија. Починал на 1 октомври 2003.