Date of birth:
11 декември 1910
Place of birth:
Солун
Membership in MASA:
Редовен член, 1974
Institutions:
Field of expertise:

Biography

Роден е на  11 декември 1910 година во Солун. Во 1932 година се запишал на Уметничката школа во Белград, а академскиот курс го завршил во 1936 година.
На студиски нрестој бил во Франција и Италија.
Тодоровски е првин сценограф во Народниот театар во Ниш, а потоа живее и работи во Скопје.
По ослободувањето е еден од основачите на Училиштего за применета уметност во Скопје, во кое и денес е професор. ‘Гој е едеп од основачите и па Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Воспитал повеќе генерации скулптори, меѓу кои неколкумина спаѓаат во редот на врвните скулптори на Југославија.
Повеќепати бил избиран за член на Унравата и на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Бил и член на Уметничкиот совет на Уметничката галерија во Скопје.
Добитник е на Наградата на град Скопје ,,13 Ноември“ за 1961 година, на Наградата ,,11 Октомври“ за 1962 година, а во 1967 година е добитник на Наградата за животно дело. Носител е на Орден на трудот со сребрен венец.
Почнувајќи од 1937 година до денес, учествува па голем број групни изложби во Скопје, во другите градови на нашата земја и во странство. Учествува на сите ревијални изложби на ДЈГУМ.
Нeговите дела се наоѓаат во новеќе музеи и галерии во земјата, или како споменици пред јавни згради во нашата Република.
Неговата скулптура припаѓа на фигуративниот импресионистички, делумно експресионистички, лиричен иравец, со изразит усег за конструкција и синтеза.
За Дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член — па 26 декемврн 1974 година.
Починал на 27 април 1983 година.