Date of birth:
•29.07.1930
Place of birth:
•Крагуевац
Membership in MASA:
•Почесен член, 2015
Institutions:
Field of expertise:
•Архитект

Biography

Почесниот член на МАНУ, Георги Константиновски е роден на 29.VII.1930 во Крагуевац, Србија. Основно и средно образование завршува во Битола и Берковица,  дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Јејлскиот универзитет во САД. Се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, а потоа работел и во Белград и Њујорк. Работел на проекти за приморска станбена населба и урбанистички проекти за кибуци во Хаифа, Израел, урбанистичките проекти за населбите Жданец и Чаир, извршува архитектонска практика на полето на станбената архитектураво бирото „Пројекат“ и работел во областа на административните објекти во Њујорк, САД.

Научната кариера ја започнал во 1958 година кога бил примен за асистент, а подоцна станал и редовен професор на предметот Проектирање на станбени и угости­телски објекти на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје каде бил ментор на магистранти и докторанти, како и на неколку стотинистуденти- дипломци. Бил Раководител на Институтот за проектирање и Претседател на Советот за урбанизам на град Скопје, а во периодот 1987–88 ја извршувал функцијата Декан на Архитектонскиот факултет. Професионалната кариера ја завршил во 1995 година како редовен професор на Архитектонскиот факултет. Член е на Архитектонската академија при Сојузот на архитектите наМакедонија.

Одржал повеќе предавања за великаните на современата светска архитектура за архитектите во Скопје, како и за современата архитектура во Македонија на неколку факултети во странство. Во областа на научно-истражувачката дејност го издал третиот том од книгата Градителите во Македонија на ХХ век и објавил неколку научни трудови како и двотомното дело Градителите во Македонија XVIII-XX век, а за неговото творештво се објавени над 100 статии во стручни списанија и во дневниот печат. Во својот работен век изработил над 390 проекти и студии, меѓу кои позначајни и препознатливи се Архив на град Скопје, Студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, Спомен дом на Разловечкото востание во с. Разловци, Делчевско, Меморијален музеј АСНОМ во Пелинце. Учествувал на 38 конкурси на кои освоил повеќе I, II и III награди на македонско и југословенско ниво, а изработил и 40 студии. За својата награда добитник е на повеќе награди, меѓу кои: Борбина плакета за Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Спомен домот на Разловечкото востание; националната награда 11 Октомври; Големата награда на БИМАС за Спомен домот на Разловечкото востание, планата „Унија во Скопје“ и Меморијалниот музеј на „АСНОМ“; Орден на трудот со златен венец и Наградата Андреа Дамјанов за животно дело.

Во 2015 година, проф. д-р Георги Константиновски е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.