Васил Хаџиманов е познат македонски етномузиколог, композитор и мелограф на македонски народни песни. Роден е во 1906 во Кавадарци, дипломирал на Катедрата за музика на Педагошката академија во Скопје, во 1955 година. Неговата дејност опфаќа настапи на радио и концерти (честопати хуманитарни, во служба на народот), диригирање со хор, патување со инструментални групи, собирање и истражување на фолклорот, печатење збирки со народни песни, како и настапи на национални и на меѓународни научни собири. Дел од неговиот фонд:

  1. Рачно пишувана автобиографија
  2. Мелографии
  3. Партитури

 

Фотографии