Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии

Истражувачкиот центар за компјутерски науки и ин­форматички технологии е основан во 2014 година. Како дел од Македонската академија, улога­та на Центарот е да иницира и да координира истражувања во науч­ните дисциплини поврзани со ин­форматичките и комуникациските технологии (ИКТ) заради подобру­вање на научните, општествените и економските услови и потреби во Република Македонија и поширо­ко. Центарот е место во кое се ре­ализираат активности од различни научни дисциплини, вклучувајќи ги природните, техничките, општест­вените и медицинските науки. Основ­на задача на Центарот е да промови­ра напредок во човековото знаење со развој и примена на компјутерските науки и информатички технологии. Сегашните истражувања во Центарот опфаќаат научноистражувачки проек­ти финансирани од неколку фондови:

  • FP7 и Horizon 2020 (Европска Унија),
  • DFG (Германија), ONR и NIH (САД).

Основните полиња на истражување вклучуваат фундаментални истражу­вања во динамички системи, пресмет­ковна биологија и машинско учење, и применети истражувања во енерге­тиката и во анализа на податоци од економијата и медицината. Центарот активно соработува со бројни научни институции во земјата и надвор од неа. Соработката со овие институции вклучува соработка на заеднички на­ учноистражувачки проекти, специја­лизација и обука на научни кадри, по­канети предавачи, како и размена на литература. Во работата на Центарот се ангажирани: едно лице во редовен работен однос, шест лица се прив­ремено вработени преку Авторска агенција и десет волонтери. Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочитаат на веб-страни­цата: тука.