Основање на МАНУ

Избор од фотографии и документи кои сведочат за основањето и првите чекори на Македонската академија на науките и уметностите:


Одлука за именување на Матична комисија што ќе изврши подготовки за почеток со работа на МАНУ

/

Целиот Службен весник може да се погледне тука.

 

Донесување на Законот за МАНУ во Собранието на СРМ (1967)

Извадоци од некои говори при усвојувањето на Законот за МАНУ на 23.II.1967 год. во Собранието на СР Македонија:

Во историјата на секој народ има настани што остануваат трајни и како камен-белези го одбележуваат неговиот развоен пат. Таков еден настан, кој нѐ исполнува со радост зашто ни сведочи за веќе достигнатиот степен на целокупниот наш развој и кој наедно ни отвора светли перспективи за натамошниот нагорничен од, е несомнено основањето на Македонската академија на науките и уметностите. - Никола Минчев, претседател на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија

Формирањето на Македонската академија е секако еден од нашите најкрупни потфати на културното поле. - Блаже Конески

Торжествен и сублимен е овој миг, еден од најретките во повеста на македонскиот народ, миг на врвно признание кон неговиот творечки потенцијал и кон неговите постигања на поприштето на научното и уметничкото творештво. ... Овој миг за нас е вонредно редок, но не и неочекуван. Тоа треба да го изречеме со сета своја човешка и национална гордост. ...горди сме дека идната Академија ја остварува во ова размирно време далечната визија на нашиот голем претходник: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар на народите“ - Димитар Митрев

Во овој момент зборовите Македонска академија на науките и уметностите за мене звучат така гордо, како што звучи Максим Горкиевиот поим за човекот со големо Ч. - Митко Зафировски, пратеник во Собранието на СР Македонија

/ / /

Целиот поздравен говор на Претседателот на Собранието на СРМ, Благоја Талески, може да се погледне тука.

 

Матична комисија на МАНУ (Вила „Уранија“ - Охрид)

- Анте Бабиќ, редовен член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина — Сараево;

- Милан Бартош, потпретседател на Српската академија на науките и уметностите — Белград;

- Ксенте Богоев, ректор на Универзитетот во Скопје;

- Мирослав Каршулин, генерален секретар на Југословенската академија на науките и уметностите — Загреб;

- Блаже Конески, дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите — Загреб и дописен член на Српската академија на науките и уметностите — Белград;

- Братко Крефт, редовен член на Словенечката академија на науките и уметностите — Љубљана;

- Харалампие Поленаковиќ, дописен член на Српската академија на науките и уметностите — Белград.

/

 

Првите членови на МАНУ (1967)

Михаило Апостолски, Димитар Арсов, Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Никола Мартиноски, Кирил Миљовски, Димитар Митрев, Михаил Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ, Благој Попов, Петар Серафимов, Ѓорѓи Филиповски, Ацо Шопов.

 

/

 

Пристапни предавања и доделувања дипломи на првите членови на МАНУ

/ / /
Пристапно предавање на
акад. Михаило Апостолски
Пристапно предавање на
акад. Благој Попов
Пристапно предавање во 1970 год.
на акад. Хорас Лант (Horace Lunt),
- Харвардски универзитет, САД.
/ /  
Доделување диплома на
акад. Петар Серафимов
Доделување диплома на
акад. Јосип Броз
 

 

Повелба за свечено вселување во новата зграда на МАНУ (1976)
Повелба за предавање на користење на „Куќа на Уранија“ на МАНУ (2009)

/ /

 

Неколкуте седишта на Академијата

/ / /
Вила „Уранија“ Вила „Шкаперда“ Зграда на МАНУ

Тековната зграда е дело на архитект Борис Чипан за која во 1976 година ја има добиено најпрестижната награда за архитектура која весникот „Борба“ ја доделувал годишно за најдобро архитектонско остварување во Југославија.

 

Сеќавања и празнувања

/ /
10 години МАНУ (1977) Блаже Конески со
Михаило Апостолски (1978)