Библиотека

Библиотеката е стручнаединица на Академијатакоја набавува, обработуваи чува библиотечни  материјали, помага во унапредувањето на научната и уметничката дејност на Академијата, врши размена на изданијата на Академијата со дру гите академии и научни институции во земјава и странство, врши библиотечно-библиографска дејност, собира и средува материјали за научната и уметничката дејност на членовите на Академијата. 

Библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите располага со околу 160.000 единици, од кои 54.000 монографии и 106.000 броеви на списанија и весници. Бројот на наслови на списанија и весници изнесува вкупно 1.500, од кои 200 домашни и 1.300 странски.

Работата на Библиотеката ја раководи Библиотечен одбор, составен од членови на МАНУ, кој дава општи насоки за нејзината работа, ја контролира и ја насочува набавната политика и др.

Библиотеката врши размена со 450 институции од земјата и од странство. Околу две третини од годишниот  прилив на книги во Библиотеката се добиваат по пат на размена.

Набавката се базира, пред сè, врз комплетирање на научни прирач ници (енциклопедии, лекси кони, речници и др.), капитални дела од светската наука и уметност, материјали од науч ните собири во земјава и стран ство, домашни монографии и набавка на домаш ни истрански списанија.