Издавачка дејност

 

Идавачката дејност е од особена важност за Македонската академија на науките и уметностите. Од нејзиното основање до денес се објавени повеќе од 500 наслови, од кои најголемиот број се монографии, резултати од проекти и зборници од научни собири, фототипски и јубилејни изданија, потоа заеднички изданија со други академии, изданија од свечени собири и периодични изданија на одделенијата (секое одделение издава два броја годишно од научното списание „Прилози”).

Селективна библиографија на изданијата на МАНУ: 1100-годишнината од смртта на Кирил Солунски (1970); Psalterium Sinaiticum (An 11th Century Glagolitic Manuscript from St. Catherine’s Monastery, Mt. Sinai, published in (1971); Добромирово евангелие (Кирилски споменик од XII век) (1973); Струмички (Македонски) апостол (Кирилски споменик од XIII век) (1990); Studia Linguistica Polono-Jugoslavica (1982); Tractata Mycenaea (1987); Кирило-методиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија (1988); Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета (1989); Македонската литература и уметност во контекстот на поетиката на социјалниот реализам (1995); Странските влијанија во македон ската литература и култура во 50-те и 60-те години (1996); František Václav Mareš: Makedonská gramatika (1994); Зузана Тополињска: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, кн. прва, Синтакса, I-II дел (1995, 1997); Божидар Видоески: Дијалектите на македонскиот јазик, 1-3 (1998, 1999); Блаже Ристовски: Историја на македонската нација (1999); Славко Јаневски: И петто годишновреме (2001); Милан Ѓурчинов: Облик и смисла (2000); Анте Поповски: Света песна (2001); Блаже Ристовски: Сознајби за јазикот, литературата и историјата (2001); Делото на Блаже Конески (2002); Петар Хр. Илиевски: Појава и развој на писмото (2002); Две американски граматики на современиот македонски стандарден јазик од Х. Г. Лант и В. А. Фридман (2003); Ѓорѓија М. Пулевски: Славјанско-македонска општа историја (2003); Крсте П. Мисирков: Собрани дела, I - III (2005, 2007, 2008); Блаже Конески, Поезија. Книга прва и втора. Целокупни дела на Блаже Конески (2011); Interpretations: European Research Project for Poetics & Hermeneuics (EPPH), Vol. IV-V (2011).


Добромирово евангелие (фрагмент) Делото на Блаже Конески

 

Цивилизации на почвата на Македонија (1995); Религиите и религиските аспекти на материјалната и духовната култура на почвата на Македонија (1996); Народното творештво на почвата на Македонија (1997); Музиката на почвата на Македонија (1999); Архитектурата на почвата на Македонија (2000); Археолошките откритија на почвата на Македонија (2008); Ликовната уметност на почвата на Маке донија од IX до крајот на XIX век (2010, 2011).

Гоце Делчев и македонското национално револуционерно движење (1973); Македонија во Источната криза (1875-1881) (1978); Кресненското востание во Македонија (1878-1879) (1982); Богомилството на Балканот во светлината на најновите истражувања (1982); Historia e popullit maqedonas (1983); Историја на македонскиот народ (1986); Македонија во војните 1912-1918 (1991); Македонија и односите со Грција (1993); Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание (1994); АСНОМ - педесет години македонска држава (1944-1994) (1995); Археолошка карта на Република Македонија, том I, II и III (1994, 1997, 2002); Македонија. Прашања од историјата и културата (1999); Александар Матковски: Режимот (крвната одмазда) во Македонија и Балканот за време на Османлиското владеење (1973); Жамила Коломонос, Вера Весковиќ Вангели: Евреите во Македонија за време на Втората светска војна (1941-1945), том I, II (1986); Александар Христов, Михајло Миноски: Идејата за федерација кај македонското народно-ослободително движење и основа на нивната агенда (1878-1935) (1994); Александар Матковски: Номадско сточарство во Македонија XIV – XIX век (1996); International Conference, The Balkans in the New Millennium. Science and culture in a joint action for peace and development (2001); Цветан Грозданов, Курбиново и други студии за фрескоживописот во Преспа (2006); Крум Томовски, Македонските мајстори-градители во деветнаесеттиот век (2006); Владо Камбовски, Филозофија на правото (2010); Цветан Грозданов: Живописот во Македонија во XVIII и XIX век: Студии (2011); Вера Битракова-Грозданова, Голем Град: Преспа, том I (2011).

 

Разговори со Јаневски Животописот на Охридската архиепископија

 

Нерамномерен регионален развој во економската теорија и пракса (1980); Проблеми на демографскиот развој во СР Македонија (1985); Долгорочен економски развој на СР Македонија до 2000 година (1986); Економијата и екологијата во условите на Република Македонија (1994); Економска транзиција (1994); Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија (1999); Никола Узунов: Стопанството на Македонија (1945-1990) (2001); Макроекономската политика во областа на финансиите (2001); Никола Кљусев, Економијата на Македонија во транзиција (Проблеми, дилеми и цели) (2002); Придонесот на академикот Кирил Миљовски за макроекономската политика во Македонија (2003); Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија: (Од Кејнз до денешни дни) (2011).

Етнологија на Македонците (1996); За проблематиката на регулација на Охридското Езеро (1974); Малеш и Пијанец: Природни и социогеографски карактеристики (1980); Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, том 1, св. 1-5 (1985, 1994, 1995, 1998, 2001); Владо Матевски, Флора на Република Македонија, том 2, св. 1 (2010); Ѓорѓи Филиповски: Почвите на Република Македонија, том I–VI (1995, 1996, 1997, 1998, 2002, 2004); Ѓорѓи Филиповски: Карактеристики на климатско-вегетациско-почвените зони во Република Македонија (1996); Старохристијанската археологија во Македонија (2003);

 

Зборник на трудови

 

Примарен црнодробен канцер (1989); Современи аспекти на вирусните хепатити (1991); Современи аспекти на вирусните хепатити со посебен осврт на хепатитот Ц (1994); 10 години од работата на ИЦГИБ (1996); Георги Ефремов: Молекуларно-биолошки основи на туморните заболувања (1998); Илија Васков, Синдроми во максилофацијалната регија (2009); Владимир Серафимоски, Клиничка хепатологија (2009); Академик Георги Ефремов. Мојот живот и моето дело (Обид за авто портрет) (2011). Научни трудови по алгебра од Република Македонија (1950-2007) (2008); Избрани трудови на Ѓорѓи Чупона (2010); Ратко Јанев, Љубо Петковски, Вовед во атомска физика (2012).

Славко Јаневски, Книжевно наследство, I, II (2005, 2007); Митко Маџунков, Родното место на литературата (2008); Радован Павловски, Воспеви (2009); Томе Серафимовски, Балканско Соѕвездие: Скулптури и цртежи (2010); Матеја Матевски, Пофалба на помнењето. Есеј, критика, запис (2010).