Центар за стратегиски истражувања

Центарот за стратегиски истражувања е научна единица на Академијата, која е основана на 28 септември 2000 година.

Задачите на Центарот се: поттикнување, организирање и реализирање на истражувања, предавања и јавни дискусии за стратешки прашања што се од национално и меѓународно значење за Република Македонија. Центарот континуирано ги истражува проблемите, појавите и односите од историска, геополитичка, економска, социјална, културна и безбедносна природа и тоа од аспект на нивното долгорочно и среднорочно значење за развојот на Република Македонија како самостојна и суверена држава.

Во Центарот работат реномирани внатрешни и надворешни научни работници од разни научни области кои се постојано ангажирани во научноистражувачката и консултантската дејност.

Центарот е во контакт со домашни и странски институции околу подготвување заеднички истражувачки програми. Тој организира научни собири - тркалезни маси за актуелни прашања со учество на познати домашни и странски научни работници.

Центарот врши размена на научни кадри, трудови и документација со повеќе земји во светот, а пред сè со соседните држави.

За реализација на своите задачи Центарот е отворен за активна соработка со институции и организации во земјата и во странство со сличен карактер на активности.