Истражувачки центар за енергетика и одржлив развој

Веб страницата на Центарот е достапна тука.


Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали (ИЦЕИМ) е основан на 28 февруари 1986 година. Како дел од МАНУ, улогата на ИЦЕИМ е да ги иницира и координира националните истражувачки програми и да врши истражувања на високо ниво во одредени полиња.

Сегашните истражувања во ИЦЕИМ опфаќаат 11 научноистражувачки проекти финансирани од меѓународни извори (четири од Европската Унија, три од Светска Банка, два од странски влади, по еден од UNDP и USAID) и шест од Фондот на МАНУ.

а) Меѓународни проекти:

 

1. Supermodeling by Combining Imperfect Models – SUMO (2010-2013). Раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев, а е финансиран од EU FP7.

2. Optimization and Performance Enhancement of Complex Networks Using Sensors (2010-2013). Раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев, а е финансиран од Department of Navy-Office of Naval Research, USA.

3. Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2013-1017 година. Раководител на проектот е акад. Глигор Каневче, а проектот е финансиран од Светска банка и Министерството за економија, усвоена од Владата на РМ на 26.03.2013.

4. European Network on Robotics for Neurorehabilitation-ENRN (2010-2015). Раководител на проектот е акад. Јордан Поп-Јорданов, а е финансиран од EU/ESF COST.

5. Macedonian, Green Growth and Climate Change Analytic and Advisory Support Program-Energy Sector Modeling (2010-2013). Раководител на проектот е акад. Глигор Каневче, а проектот е финансиран од World Bank.

6. Regional Energy Security and Market Development (RESMD)-Phase II (2010-2013). Раководител на проектот е акад. Глигор Каневче, а е финансиран од USAID.

7. EURAXESS – Researcher in Motion (2010-2014). Раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев, а проектот е финансиран од Европската Унија, т.е. EU FP7.

8. Non-cocherent Communication for Future Wireless Networks (2010-2014). Раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев, а проектот е финансиран од DFG.

9. WebInUnion – Bringing Western Balkans closer to Innovation Union (2010-2014). Раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев, а е финансиран од EU FP7.

10. Energy Infrastructure Review Study (2013). Раководител на проектот е акад. Глигор Каневче, а проектот е финансиран од World Bank.

11. Development of Climate change mitigation scenarios for the key GHG emiting sectors, Third national report to UNFCCC (2013). Раководител на проектот е акад. Глигор Каневче, а проектот е финансиран од UNDP.

 

б) Домашни проекти, финансирани од Фондот на МАНУ:

 

1. Постојните теории за моќност и нивната примена во паметните мрежи (2013-2015), раководител на проектот е акад. Алајдин Абази.

2. Синхронизирана работа на нуклеарна централа со реверзибилна хидроцентрала (2011-2013), раководител на проектот е акад. Томе Бошевски.

3. Електромагнетни појави во слоевити средини (2013-2015), раководител на пректот е акад. Леонид Грчев.

4. Развој на методи за стратешки планирања во енергетскиот сектор (2012-2014), раководител на проектот е акад. Глигор Каневче.

5. Дијагностицирање на ранливоста, неочекуваните феномени и непостојаноста во комплексните мрежи (2011-2013), раководител на проектот е акад. Љупчо Коцарев.

6. Модулација на електрични мозочни осцилации-МЕМО (2012-2014), раководител на проектот е акад. Јордан Поп-Јорданов.

ИЦЕИМ е фокусна точка за Македонија на ИАЕА – Електроенергетска датотека и методологии и на УНЕСКО и на Светскиот соларен процес. Центарот е член на Меѓународната мрежа на центри за одржлив развој и седиште на Македонскиот национален комитет на Светскиот совет за енергија. Врз основа на успехот на конкурсите на Европската yнија, ИЦЕИМ е прифатен како центар на одличноста („center of excelence“), исполнувајќи ги критериумите на Светскиот меѓуакадемски совет што се однесуваат за вакви центри.

Во работата на Центарот се ангажирани: шест академици, еден професор, два асистенти-истражувачи, два помлади истражувачи-волонтери и еден административен секретар. Во реализацијата на научноистражувачките проекти на ИЦЕИМ се вклучени и 35 надворешни соработници.

ИЦЕИМ соработува со бројни домашни и странски научни инсти туции, врз заеднички научни проекти, специјализации, студиски престои и предавања.