Центар за стратегиски истражувања

 

Центарот за стратегиски ис­тражувања е основан во 2000 година како научна органи­зациска единица на Македонската академија на науките и уметностите. Со него раководи редовен член на МАНУ. Советот на Центарот го сочи­нуваат членови на МАНУ (од различ­ни одделенија на Академијата), како и познати научни работници од ака­демската заедница на Република Ма­кедонија. Во Центарот се вработени: еден виш научен советник, двајца ис­тражувачи-соработници и еден технички секретар. Центарот има ши­рока база на постојани соработници (од редот на економската заедница, т.е. од државните и приватните уни­верзитети на Република Македонија) и соработници по одделни проекти – афирмирани експерти од областитена кои се однесуваат проектите.

Фактот што Центарот постои и функционира како организациска на­учна единица во рамките на МАНУ му дава посебна, специфична науч­на тежина, од аспект на независнос­та, непристрасноста и академската слобода во истражувањето на стра­тегиски прашања од посебен интерес за Република Македонија. Основните цели и задачи на Центарот се дефи­нирани на следниов начин:

  •  Центарот организира и ре­ализира национални и меѓународ­ни научноистражувачки проекти од стратегиски интерес за Република Македонија во доменот на општест­вените науки;
  • Центарот организира научни со­ бири (конференции, симпозиуми, трка­лезни маси, советувања, јавни расправи, предавања и сл.) за проблеми и прашања од стратегиски интерес за Република Македонија, кои се истражуваат низ ис­ториски, геополитички, економски, пра­вен, социјален и безбедносен контекст;
  • Центарот во реализацијата на своите цели и задачи соработува со другите научни центри во рамките на МАНУ, како и со слични институции од земјата и од странство;
  • Центарот ги презентира резулта­тите од научноистражувачката дејност пред пошироката стручна и научна јав­ност преку свои публикации, јавни на­стапи, конференции за печат и сл.

Центарот има богата меѓународна научна соработка: со неколку центри од Република Турција, со Турската аген­ција за развој – TIKA, со Институтот за економски истражувања на Бугарската академија на науките, со Институтот за социологија при Романската академија и со центрите за стратегиски истражу­вања од балканските земји што се член­ки на Балканската комуникациска мре­жа. Центарот има склучено договори за соработка со: Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Центарот за економски анализи, Институтот за геостратегиски истражу­вања и надворешна политика (ИГИНП) при МНР и други, а активно соработува и со Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Во текот на своето постоење Цен­тарот иницираше и реализира 10 науч­ноистражувачки проекти за проблеми и прашања од стратегиски интерес за Ре­публика Македонија, пет меѓународни конференции и организира голем број тркалезни маси, работилници, презен­тации и сл. Истражувачката активност е позиционирана во повеќе научни об­ласти – економија, право, евроатлански интеграции (посебно хармонизација на правниот систем на Република Маке­донија со правото на Европската Унија и евалуација на судските реформи), високо образование и наука, историја, политикологија, култура, односи со соседните земји и со Турција, демо­графија и др. Дел од резултатите од научноистражувачката работа се пуб­ликувани во посебни изданија (15), кои редовно се дистрибуираат и до соод­ветните владини ресори и институции за да послужат како основа за креирање политики во областите на кои се одне­суваат. Соработниците на Центарот ги презентираат резултатите од научноис­тражувачката работа на меѓународни конференции и ги објавуваат во меѓу­народни списанија.

Во Центарот во тек е реализа­ција на следниве научноистражувачки проекти:

  1.  Хармонизација на правниот систем на Република Македонија со правото на Европската Унија: евалуа­ција на судските реформи;
  2. Фискални мултипликатори – случајот на Република Македонија;
  3. Бугарско-македонска меѓугра­нична соработка за градење на капаци­тетите за конкурентност и иноватив­ност, проект финансиран од европските фондови на Програмата IPA.