Датум на раѓање:
20 декември 1923
Место на раѓање:
Штип
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:

Биографија

Роден е на 20 декември 1923 година во Штип. Основно и средно образование завршил во родниот град, а филозофски факултет — во Скопје.
Учесник е во Народноослободителната борба и носител на Партизанска споменица 1941. Во народноослободителиата војска бил младински раководител и еден од уредниците на партизанската публикација ,,Огин“ — орган на Третата македонска ударна бригада. Во текот на НОБ е избран за претседател на НОМС.
Носител е на повеќе одликувања: Орден за храброст, Орден братство-единство од I ред, Орден заслуги за народот од II ред и други.
По ослободувањето работи во Главниот одбор на НОМС и ПК На СКОЈ за Македонија и истовремено е уредник во списанијата,,Идни- на“ и ,,Нов ден“, а подоцна и во ,,Современост“.
Долги години работел во Книгоиздателството ,,Кочо Рацин“, сега „Македонска книга“, на разни должности, и како главен и одговорен уредник.
Учествувал и учествува во работата на повеќе општествено-политички органи и организации. Неколку пати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, сојузен пратеник, претседател на Сојузот на преведувачите на Југославија, член на ЦК СКМ, претседател на Координациогшот одбор на Сојузот на писателите на Југославија и претседател на Советот на Струшките вечсри на поезијата.
Учествувал во работата на повеќе делегации и студиски групи испраќани во разни европски земји, а бил и амбасадор.
Ацо Шопов е познат како поет и преведувач на поезија. Од првата негова стихозбирка ,,Песни“, па до ,,Небиднина“, поминал една богата поетска еволуција. Преведувал од странската и од југословенската иоезија. Негови нajпознати препеви се, ,,Хамлет“, ,,Сирано де Бержерак“, ,,Сид“, ,,Песни“ од Јован Јовановиќ Змај, поезија од М. Крлежа, Д. Тадијановиќ, Изет Сарајлиќ и др.
Добитник е на новеќе литературни награди: Наградата на Книго-издателството ,,Кочо Рацин“ — за стихозбирката ,,Ветерот носи убаво време“, Наградата ,,11 Октомври“ —за стихозбирката „Небиднина“, како и за преводот на ,,Хамлет“.
Преведуван е на повеќе странски јазици, во разни антологии и избори: на италијански, чешки, полски, англиски, турски, а на руски и унгарски јазик му се објавени одделни збирки.
На 18 август 1967 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, а во 1968 година — за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.
Починал на 20 април 1982 година.