• Телефон

    +389 2 3066 362

  • Email

    ratkojanev@gmail.com

Датум на раѓање:
30.03.1939
Место на раѓање:
Сандански, Бугарија
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2000
Институции:
Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена; Њујоршката академија на науките, САД; Српската медицинска академија на науките.
Област на работа:
Електротехнички науки

Биографија

Акад. Ратко K. Јанев е роден во 1939 година во Сандански, Бугарија. Гимназија завршил во 1957 година во Скопје, a во 1963 година дипломирал на Електротехничкиот факултет (група Техничка физика) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 година на Природно-математичкиот факултет во Белград, a веднаш потоа се вработил во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча. Акад. Јанев бил на специјализација на Државниот универзитет во Ленинград, денешен Санкт Петербург (1966–1967), каде што работел на својата докторска дисертација на тема: „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“, која ja одбранил во 1968 година на Природно-математичкиот факултет во Белград.
Акад. Ратко Јанев работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча  до 1972 година, а потоа во Институтот за физика во Белград до 1987.  Од 1969 година тој држи курсеви на постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет во Белград (Отсек за теориска физика), a во 1970–1973 држел предавања no атомска физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во периодот од 1988 до 1999 акад. Јанев раководи со прогамите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена за атомски и молекуларни податоци за истражувањата во контролираната термонуклеарна фузија.
Неговата обемна научна дејност ѓи опфаќа областите на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемнодејствијата и судирните процеси меѓу атомските честици, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на судирните процеси меѓу атомските честици и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрена фузија. Особено значителни се придонесите на акад. Јанев во развитокот на асимптотската теорија на изменските заемнодејствија меѓу атомските честици и меѓу атомските чесици и цврстите површини, квантната динамика на судирните процеси на многократно наелектризираните јони со атомските честици, физиката на атомските процеси во густи, високотемпературски лабораторијски и астрофизички плазми, како и во магнетски и инерцијано конфинираните термонуклеарни плазми. Во последните години научниот интерес на акад. Јанев сé повеќе е насочен кон атомските и молекуларните процеси во раната фаза на еволуцијата на Вселената и галаксиите, како и кон процесите во компактните астрофизички обекти (последните фази во еволуцијата на звездите)
Акад. Јанев има објавено повеќе од 300 научни трудови. Тој е автор или со-автор на 7 монографии, на 27 ревијални статии во елитни меѓународни часописи, 12 глави во книги на други автори и едитор на 3 зборника на трудови од меѓународни научни собири.  Акад. Јанев    е држел уводни предавања на 35 меѓународни собири.
Како професор-по-покана акад. Јанев е држел предавања и курсеви лекции на повеќе универзитети во Европа (Парис, Бордо, Аархус, Стокхолм, Москва, Лондон, Дарам, Брисел, Лувен-ла-Нев), Америка (Боулдер, Ноксвил, Принстон), Јапонија (Нагоја, Кјото,Токио, Осака) и Кина (Пекинг, Шангхај, Сиан, Ченгду). Во текот на својата научна дејност акад. Јанев остварува долгогодишна научна соработка со врвни светски истражувачки институции: Париската обсерваторија во Медон, Физичкиот институт на Руската академија на науките во Москва, Курчатовскиот институт во Москва, Санкт-Петерсбугскиот иниверзитет, Лабораторијата за атомски судири при Католичкиот униврзитет во Лувен-ла-Нев, Белгија, Пристонската лабораторија за физика на плазмата, Националната лабораторија во Оук Ридж, Националниот институт за фузиона наука во Таџими, Јапонија, Истражувачкиот центар во Јулих, Германија, Институтот за применета физика и математика во Пекинг, Кина.
Заради својата репутација во научното општество во областа на атомската физика акад. Јанев е бил член на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993-1997) и член на научните или програмски комитети на меѓународните конференции: European Physical Society Sectional Conference on Atomic and Molecular Physics of Ionized Gases (ESCAMPIG) (1977- 1986); International Conference on Laser Science (LASER 1981-1984; Laser Science 1985-89); International Conference on the Physics of Electronic and Atomic Collisions (ICPEAC) (1985-1989); International Conference on the Physics of Highly Charged ions  (1984, 1994); International Conference on Plasma Physics (1992, 1994); International Conference on Atomic and Molecular Data and Their Applications  (ICAMDATA) (1998-2014);  (Chair of ICAMDATA International Program Committee: 2000-2004), International Symposium on Ion – Atom Collisions (1992); International Symposium on Atomic and Molecular Processes in Fusion Plasmas (Nagoya, Japan 1996); International Symposium on Atomic Processes in Low –Temperature Plasmas  (Oxford, 1997); International Seminar on Atomic Processes in Plasmas (Toki, Japan,1999), International Conference on Matter and Radiation at Extremes (Beijing, 2017).
Заедно со проф. А. Далгарно од Харвардскиот универзитет, акад. Јанев во 1998 година ја иницира биеналната Меѓународна конференција за атомски и молекуларни податоци и нивните примени (ICAMDATA).
Во периодот 1983-1987 акад. Јанев е консултант на Националната лабораторија на САД во Оук Риџ и на Националната лабораторија за физика на плазмата во Принстон. Во 1979 година тој добива Homage oд Слободниот универзитет на Брисел, во 1982 тој е избран за член (Fellow) на Joint Institute for Laboratory Astrophysics во Боулдер, САД, а во 2004 тој ја добива престижната германска Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија.
За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 7 октомври 1988 г., а за редовен член е избран на 16 октомври 2000 г.

Најзначајни трудови:

  • R.K. Janev: “Non-adiabatic transitions between ionic and covalent states” (in: Advances in Аtomic and Мolecular Physics, vol.12, p.1, 1976)
  • R.K. Janev, L.P. Presnyakov: “Collision processes of multiply charged ions with atoms” (in: Physics Reports, vol.70, p.1, 1981)
  • R.K. Janev, L.P. Presnyakov, V.P. Shevelko: “Physics of Highly Charged Ions” (Springer-Verlag, Berlin-Heidelberg, 1985)
  • R.K. Janev, W.D. Langer, K. Evans, D.E. Post: “Elementary Processes in Hydrоgen-Helium Plasmas” (Springer-Verlag, Berlin-Heidelberg, 1987)
  • M.I. Chibisov, R.K. Janev: “Asymptotic theory of exchange interactions in ion-atom systems” (in: Physics Reports, vol.166, p.1, 1988)
  • R.K. Janev: “Atomic ans molecular physics issues in current thermonuclear fusion research” (in: Contemporary Physics, vol. 41, p.121, 2005)
  • R.K. Janev, D. Reiter, U. Samm: “Atomic processes in low-temperature hydrogen plasmas” (in: Encyclopedia of Low-Temperature Plasmas, vol.1/2, p.110, 2007; RAN, Moscow)
  • R.K. Janev, S.B. Zhang, J.G. Wang: “A review of quantum collision processes in Debye plasmas” (in: Matter and Radiation at Extremes, vol.1, p. 237, 2016)

Библиографија