Датум на раѓање:
1 јануари 1919
Место на раѓање:
Плевен
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1981
Институции:
Област на работа:

Биографија

Академик Димитров е роден на 1 јануари 1919 година во Плевен, НР Бугарија. Основно училиште и гимназија завршил во Велес, а матурирал во Скопје. Две години студирал на Правниот факултет во Белград, а потоа во Скопје, каде што и дипломирал.

По дипломирањето, од 1942 до 1943 година, бил адвокатски приправник во Скопје. Во тоа време учествувал во илегалното Народноослободително движење, а во септември 1944 година стапил во НОВ на Југославија. Од средината на ноември 1944 година бил на работа во Одделението за заштита на народот на Македонија, а во август 1946 година во Министерството за надворешни работи на ФНРЈ. Од октомври 1945 до април 1946 година бил прв секретар на Посланството на ФНРЈ во Атина. Оттогаш до 1951 година бил началник на Правното одделение при Министерството за внатрешни работи на НР Македонија.

Во 1951 година е именуван за член на Матичната комисија за формирање на Правно-економскиот факултет во Скопје и истата година е избран за наставник по уставно право во звањето предавач. Во 1954 година бил избран за доцент на Правниот факултет. Во 1962 година хабилитирал и бил избран за вонреден професор, а од јуни 1967 година за редовен професор на истиот факултет. Во 1957/58 година бил продекан, а во учебната 1963/64  и 1964/65 бил декан на Правниот факултет.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 декември 1974 година, а за редовен член на 23 ноември 1981 година.

Починал на 13 декември 2010 година.