Датум на раѓање:
2 јули 1920
Место на раѓање:
с. Горно Бигор Доленци
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Филозофскиот факултет во Скопје
Област на работа:
Старогрчкиот и латинскиот јазик, микенологијата, славистиката (македонстиката) и балканистиката.

Биографија

Проф. д-р Петар Хр. Илиевски е роден во 1920 година во с. Горно Бигор-Доленци, Кичевско. По завршувањето на богословски факултет во 1946 година, работи како наставник во средни училишта во Скопје. Во 1956 година дипломира на групата Класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје и е избран за асистент на истата група. Во 1960 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, одбранува докторска дисертација на тема “Аблативот, инструменталот и локативот во најстаарите гручки текстови” и е избран за доцент во 1966 за вонреден професор, а во 1971 година за редовен професор на истиот факултет. Одговорен уредник е на сојузното списание за класична филологија и антички студии “Жива антика”.

Проф. д-р Илиевски учествувал со реферати намикенолошки и балкански теми на повеќе југословенски и меѓународни конгреси.

Својата научна дејност проф. д-р Илиевски ја остварува во подрачјето на старогрчкиот и латинскиот јазик, микенологијата, славистиката (македонстиката) и балканистиката. Автор е на 125 научни трудови, меѓу кои за посебно одбележување е монографијата “Крнинскиот Дамаскин”, со посебен осврт кон македонскиот превод на Дамаскинот”. За ова капитално дело, кое претставува мошне ценет прилог кон историјата на македонскиот јазик, проф. д-р Илиевски ја има добиено наградата “11 Октомври” за 1972 година. Неговите трудови се одликуваат со критичен поглед и здрава смисла во барањето и утврдувањето на научната вистина. Тој е еден од нашите најдобри познавачи на грчкиот и латинскиот јазик, што му овозможува со успех да решава и потешки проблеми од областа на класичните и балканските јазици.

Учесник во НОБ од септември 1944 година.

За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 14 мај 1979 година.

Починал на 31 мај 2013 година.