Датум на раѓање:
25 јуни 1934
Место на раѓање:
с. Слоештица
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2000
Институции:
Област на работа:

Биографија

Андреевски , Петре М(иланов) (с. Слоештица, Демирхисарско, 25. VI 1934 – Скопје, 25. IX 2006) – поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работел како уредник во Македонската радиотелевизија. Член е на МАНУ од мај 2000 г. Член е на ДПМ (1964) и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишувал стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпре- на врз фабулата, туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се ве- ли дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката „Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и алузијата. на јазичната игра и носталгичната медитација. Починал на 25 септември 2006 година.