Датум на раѓање:
1 јуни 1928
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Почесен член, 2009
Институции:
Област на работа:
Вајарство

Биографија

Проф. Петар Хаџи Бошков е роден на 1 јуни 1928 година во Скопје.
Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за скулптура. Во 1959/60 година специјализирал скулптура на Кралскиот колеџ за ликовни уметности (Royal College of Fine Arts) и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон.
Bo 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine Arts New York).
Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје. Од 1980-1988 година работел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што се стекнал со звањето редовен професор, а од 1980 до 1985 година бил декан на истиот факултет. Од 1988 година бил редовен професор во пензија.
Во периодот од 1953 до 2005 година организирал 27 самостојни изложби во Македонија, во просторите на поранешна Југославија, во Англија, САД, Турција и Грција.
Од 1955 до 2005 година учествувал на повеќе од 300 групни изложби во земјата и во странство како и на бројни скулпторски колонии и симпозиуми ширум поранешна Југославија.
Во 1978 година бил учесник на Меѓународното биенале во Венеција.
Од 1959 до 2005 година реализирал 16 монументални споменици кои се инсталирани во Република Македонија, Република Словенија, Република Хрватска, Република Србија и во Франција.
Во 1997 г. бил учесник на „Деновите на европската култура“ во Солун.
Добитник е на 30 национални и меѓународни награди, меѓу кои и на Октомвриската награда во 1969 година.
Неговите дела се застапени во државни и приватни колекции во: Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска, Република Босна и Херцеговина, Кралството Англија, САД, Франција, Полска, Италија, Турција, Грција, Белгија и во многу други места.
Од 1955 до 2005 година неговата биографија брои над 400 библиографски единици.
Избран е за почесен член на МАНУ на 27 мај 2009 година.
Починал на 22 март 2015 година.