Д-р Рина Павловна Усикова е родена во 1933 година во Москва. Студирала словенска филологија и македонски јазик на Филолошкиот факултет во Москва. Од 1957 година постојано работи на Катедрата за словенски јазици на овој факултет, во почетокот како асистент и предавач, а од 1971 година како доцент и шеф на Меѓуфакултетската катедра за словенски јазици и раководител на групата Македонски јазик при Славистичката катедра. Во 1965 година ја одбранува дакторската дисертација на тема „Морфологија на именката и на глаголот во совремониот македонски литературен јазик“. Оваа дисертација претставува значаен прилог кон македонската граматика.
Д-р Усикова спаѓа во редот на оние странски научници што му посветиле најмногу страници на македонскиот јазик. Во славистичката наука особено се забележани нејзините прилози посветени на одделни прашања од глаголскиот систем на македонсжиот јазик. Таа пројавува интерес и за проблеми од областа на историјата на македонскиот јазик. Во неколку статии се осврнува врз јазикот на текстовите од Кирил Пејчиновиќ и Крсте Мисирков. За афирмацијата на македонскиот јазик во славистичката наука особено значење има нејзиниот преглед на грамагиката на македонокиот јазик под наслов „Македонски јазик“ во колективииот учебник „Словенските јазици“, кој излезе во 1978 година во издание на Московскиот универзитет, како и статијата „Македонски јазик“ објавена во XII том на Големата советска енциклопедија во 1974 година.
Д-р Усикова е автор на околу 40 научни трудови објавени во повеќе советски и македонски научни и стручни списанија, во кои обработува проблематика од областа на современиот македонски јазик. Таа се пројавува и како суптилен преведувач на македонски текстови на руски јазик. Превела на руски јазик голем број научни статии од македонски автори, како и повеќе уметнички прозни текстови, кои се објавени во руски изданија.
Особено е голема заслугата на д-р Усикова во организирањето на настава по македонски јазик на Московокиот универзитет и нејзиното подигање од ниво на лекторат на ниво на специјалистички предмет.
За член на Македоноката академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избрана на 14 мај 1979 година.