Датум на раѓање:
10 април 1930
Место на раѓање:
с. Маловиште
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Област на работа:

Биографија

Чупона, Ѓорѓи Ташков (с. Маловиште, Битолско, 10. IV 1930)- математичар, ред. проф. на ПМФ (1972), дописен (1979) и редовен (1983) член на МАНУ. Дипломирал (1953) на Филозофскиот факултет (Група математика), каде што бил избран (1955) за асистент. Докторирал (1959) на Г1МФ со темата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури’1. Во текот на 1964 г. престојувал на специјализација на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Научниот интерес на д-р Горѓи Чупона е од областа на алгебра, посебно делот од универзалната алгебра што ги изучува парните, векторско-вредносните и други слични структури. Објавил стотина научни трудови. Соработката остварена со низа математичари од поранешните југословенски простори, како и големиот број објавени заеднички трудови, го истакнале како еден од водечките алгебристи во СФРЈ. Според достигнатите научни резултати, тој успеа да ја направи македонската алгебра препознатлива и во светски рамки. Под негово суштинско раководство се изградени сите наши научни кадри од областа на алгебрата. Учебниците по алгебра и учебниците наменети за техничките факултети на коишто е автор или коавтор, одиграа незаменлива улога во издигањето на алгебарската и, пошироко, на математичката култура во земјава. Починал на 16 декември 2009 година