Датум на раѓање:
19 март 1925
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Дописен член, 1981
Институции:
Област на работа:

Биографија

Грабулоски (Грабул), Јордан (Прилеп, 12. III 1925 – Скопје, 26. V 1986) – скулптор, член на МАНУ. Учествувал во НОВ. Има големо значење за развојот на модерната скулпторска мисла, со особен придонес во споменичките пластика. Познат е како најкарактеристичен претставник на минималистичките скулптура. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград (1952). Бил член на авангардната група „Денес“ (1953). Самостојно се претставил во Скопје (1966,1970, 1986, 1988) со ретроспектива во Музејот на современата уметност во Скопје (2006), Охрид (1961), Париз (1985). Учествувал на групни изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Лондон, Виена, Атина, Венеција, Каиро. Изработил многубројни споменици, користејќи разновидни стилски определби од реализмот и социјалистичкиот реализам (Ваташа, 1962; Белчишта, 1958; Прилеп, 1958; Кичево, 1963; Скопје, 1965) до асоцијативен геометризам (Отешево, 1973; Гевгелија. 1969; Крушево, 1974). Во скулптурата, во почетокот на 50-тите години ја следел традицијата на реалистичната пластика (Споменик на Ни- кола Карев, 1953), а од 1953 г. ја стилизирал и поедноставувал формата (Крешчендо, 1961; Отпор, 1961; Самоник, 1966). Врвот на минималистичкиот јазик го достигнал во боените дрвени објекти (Инстинкт, 1969; Контемплација, 1969), служејќи им како нарадигма на идните колеги истомисленици. Починал на 26 мај 1986 година.

Библиографија