Истражувачкиот центар за животна средина и материјали еоснован во 2014 година. Како дел од Македонската академија, Центарот е замислен како своевидна фокусна точка што ја координира истражувачката активност во областа на животната средина, од една страна, и областа на материјалите, од друга. Замислата е лабораториската опрема и инструментите кои веќе ги поседуваат факултетите и истражувачките единици надвор од МАНУ да им бидат ставени на располагање на сите заинтересирани истражувачи, соработници на Центарот, за да се зголеми можноста за нејзино оптимално искористување, да се зголеми меѓудисциплинарната соработка, да се подобрат условите за работа и конкурентноста на домашните истражувачи, а на младите истражувачи да им се даде поголема независност и шанса да ги реализираат своите идеи.
Во овие неколку години од формирањето на Центарот интензивно се работи на девет проекти од Програмата за соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките, чии раководители се акад. Бојан Шоптрајанов, акад. Глигор Jвановски и акад. Владо Матевски. Координатори на овие проекти се истражувачи коишто потпишале согласност да бидат работници на Истражувачкиот центар за животна средина и материјали.
Како резултат на научноистражувачката работа во Центарот се објавени повеќе од дваесетина научни трудови, од кои повеќето во меѓународни научни списанија. Резултатите од научната работа на Истражувачкиот центар се презентирани на повеќе од десетина меѓународни и национални научни собири во форма на постери или усни излагања.
Истражувачкиот центар за животна средина и материјали соработува со бројни институции од Република Македонија, од соседните земји, како и со повеќе научни институции од различни eвропски и светски земји.
Соработката со овие институции вклучува соработка на заеднички на учноистражувачки проекти, специјализација и обука на научни кадри, поканети предавачи, како и размена налитература. Во Центарот работи еден научен соработник и еден соработник-истражувач, но во неговата работа се вклучени и голем број научници од земјaва и од странство.